Запленет имотот на несовесните изведувачи на зграда што се урна при земјотресот во Тајван

Тајпеј, 12 феруари 2016 (МИА) - Тајванските власти денеска издадоа наредба за запленување на имотот, вреден 800.000 евра, сопственост на градежната компанија одговорна за изградбата на една станбна зграда, што се урна за време на земјотресот со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала, кој го погоди Тајван пред седум дена. 

Во земјотресот загинаа 95 лица, од кои 93 ги загубија животите при уривањето на седумнаесеткатната станбена зграда „Вејгуан Јинлонг“ во јужниот град Таинан, чии изведувачи се обвинети за несоодветна изградба. 

Тројцата раководители на фирмата беа уапсени уште во вторникот под сомнеж дека при изградбата не биле почитувани безбедносните стандарди. 

Обвинителството смета дека комплексот е подигнат без потребната челична конструкција, а фотографиите од остатоците од урнатата зграда покажуваат дека при градбата биле користени лименки и пена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...