ОАЕ ќе испратат специјални сили во Сирија за помош во борбата против ИД

Брисел, 12 февруари 2016 (МИА) - Обединетите арапски емирати се согласија да испратат во Сирија специјални сили, кои ќе им помогнат на локалните сунити да го преземат градот Рака, кој се смета за бастион на Исламска држава, изјави денеска американскиот министер за одбрана Ештон Картер во Брисел по средбата со својот колега од ОАЕ.

Картер не прецизираше колку командоси од ОАЕ ќе заминат за Сирија. 

Тој истакна дека тие ќе им помогнат на саудиските специјални сили да ги обучат локалните арапски сунити, кои имаат цел да го преземат Рака. 

Картер додаде дека доколку спогодбата која беше постигната во Минхен за еднонеделно примирје во Сирија стапи во сила, тоа нема да значи прекин на операциите против ИД. 

Според Картер, претставниците на ОАЕ ветиле дека ќе го обноват учеството на Емиратите во кампањата за воздушни напади врз ИД, откако вчера Саудиска Арабија му ги дала истите ветувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...