Сириската армија ја поврати тврдината во Палмира од ИД, соопшти државната телевизијаДамаск, 25 март 2016 (МИА) - Сириската армија денеска ја поврати од рацете на Исламска држава средновековната крепост во Палмира, информира сириската телевизија.
- Нашите вооружени сили, во координација со Силите за национална одбрана, воспоставија контрола врз старата тврдина на Палмира, откако на терористите од „ДАЕШ“ (ИД) им нанесоа тешки загуби, за телевизијата изјави извор од сириската армија.
|