Најмалку 20 цивили убиени во бомбардирањето болница во сирискиот град Алепо

Алепо, 28 април 2016 (МИА) - Во воздушен напад на сириските владини сили врз болница и станбен блок во сирискиот град Алепо синоќа загинаа најмалку 20 цивили, информира сириската цивилна одбрана, цитирана од француските медиуми.

- Најмалку 20 цивили беа убиени вечерва во воздушните напади врз болницата „Кудс“ и соседниот станбен блок во квартот Сукари, во источниот дел на Алепо, за француските медиуми изјавија од цивилната одбрана.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права потврди дека нападите се извршени од авиони на режимот во Дамаск.

Првично беше соопштено за 14 загинати. Подоцна од под урнатините беа извадени уште шест трупа - на петмина членови на едно семејство, меѓу кои две деца, и на стоматолог од болницата.

Меѓу убиените е и единствениот педијатар во источните квартови на Алепо, контролирани од бунтовниците, посочуваат француските медиуми.

Повеќето пациенти во болницата биле возрасни луѓе, со хронични заболувања. Болницата е многу оштетена од бомбардирањата.

САД го осудија воздушниот напад од понеделникот, извршен веројатно од силите на режимот, врз екипа спасувачи во Алепо.

Портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер, изјави дека е ужаснат од мноштвото воздушни напад врз спасувачите од цивилната одбрана на Алепо.

- Најмалку петмина претставници на цивилната одбрана загинаа, а ранети се и други невини жртви, изјави Тонер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...