Надворешната политика на администрацијата на Обама е „катастрофална“

Вашингтон, 28 април 2016 (МИА) - Водечкиот претендент за републикански кандидат за претседателските избори во САД, милијардерот Доналд Трамп ја критикуваше надворешната политика на актуеланата администрација на претседателот Барак Обама, нарекувајќи ја „целосно катастрофална“.

На предавање во Вашингтон, на кое ги промовираше главните насоки на својата надворешна политика, тој навести нејзино преразгледување, доколку биде избран за претседател.

Трамп сепак објасни дека не станува збор за негова доктрина и призна оти како евентуален претседател, неговата надворешна политика ќе биде флексибилна, а сегашните определби ќе може да се променат. 

Како своја основна надворешно-политичка определба тој ја посочи борбата против џихадистите од Исламска држава (ИД) и соработката со американските сојузници на Блискиот Исток, против исламскиот екстремизам.

Трамп смета дека САД ќе треба да отворат разговори со сојузниците (во Европа) околу позицијата на НАТО во иднина, а навести и отворање расправа околу ребалансирањето на американското финансирање на Алијансата.

Овој републикански кандидат кој во досегашната предизборна кампања застана на позицијата на „тврд“ конзервативец, смета дека САД ќе треба да отворат дијалог со Русија.

Трамп смета дека односите со Москва не може постојано да останат онакви како што се сега, сугерирајќи со Русија да се бара заеднички терен за пресметката со екстремизмот и со тероризмот.

Според неговите оценки, треба да се преразгледаат и односите со Кина, за која смета дека и било дозволено да стекне економска предност над САД и другите, но не елаборираше детали за идните односи на Вашингтон и Пекинг.

Доналд Трамп кој својата надворешно-политичка стратегија ја означува како „Америка на прво место“ смета дека земјите во чија одбрана учествува САД, би требало да платат за тоа, или да им биде препуштено самите да се бранат.

Станува збор за земји како Јапонија и Јужна Кореја, главните американски сојузници на Далечниот Исток.

Критичарите на Трамп сметаат дека неговите позиции во надворешната политика се „контрадикторини“ и може да им наштетат на однсите со традиционалните сојузници.

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест не ги коментираше критиките на Трамп за политиката на претседателот Обама, освен што рече дека САД сега се побезбедни и посилни, отколку пред доаѓањето на сегашната админстрација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...