Чилеанскиот поет Пабло Неруда повторно погребан 43 години по смртта

Сантјаго, 28 април 2016 (МИА) - Чилеанскиот поет, нобеловец, Пабло Неруда повторно е погребан на гробиштата во Исла Негра, покрај гробот на својата сопруга, откако неговите посмртни останки, пред три години беа ексхумирани за да се испита неговата смрт.

Неруда умре во септември 1973 година, во една болница во Сантјаго, од рак на простата, само неколку денови по воениот удар во Чиле, со кој беше соборен од власт левичарскиот претседател Салвадор Аљенде, а на власт дојде воена хунта, предводена од генералот Аугусто Пиноче.

Некогашни противници на хунтата, левичарски активисти и блиски на поетот, тврдеа дека иако тешко болен, Неруда бил убиен, затоа што беше комунист, левичарски поет и близок пријател на соборениот претседател Аљенде.

Постапката за ексхумција беше спроведена откако некогашниот возач на поетот, изјави дека за време на последната посета во болницата каде се лекуваше, Неруда му се пожалил деке не се чувствува добро, по инјекцијата што му била ставена во стомакот.

Членови на семејството на Неруда не се согласуваа со ексхумацијата, тврдејќи дека тој починал од тешката болест, но судот во Чиле сепак дозволи испитување на неговите посмртни останки.

Минатата недела, медиумите во Сантјаго објавија дека била најдена „непозната бактерија“ во неговото тело, но дека конечните резултати од истрагата ќе бидат познати идниот месец.

Чилеански правни експерти објаснуваат дека технички ќе биде мошне тешко да се докаже дека прославениот поет и интелектуалец бил убиен, дури и да се најдат докази кои ќе навестуваат на можно кривично дело.

Пабло Неруда беше пратеник, амбасадор на Чиле во Франција и добитник на Нобеловата награда за литература во 1971 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...