Хакери на ИД им се заканија на илјадници жители на Њујорк

Вашингтон, 30 април 2016 (МИА) - Група хакери поврзани со Исламска држава на интернет објави листа со илјадници имиња на жители на Њујорк и ги повика своите следбеници да ги нападнат, изјави неименуван извор од американската служба за безбедност.

Тој посочи дека не верува оти станува збор за кредибилна закана, но федералните агенти и полицијата во Њујорк се во контакт со поединци од листата.

- Иако наша стандардна пракса е да не ги коментираме специфичните оперативни мерки и прашања поврзани за истрагата, ФБИ рутински ги информира поединците и организациите собрани во текот на истрагата, што може да се сфати како потенцијална закана, се наведува во соопштението на Федералното истражно биро.

На листата се имиња, куќни и интернет адреси на 3.600 луѓе од Њујорк.

Минатата година, група поврзана со ИД на интернет објави, како што тврдеше, имиња, адреси и фотографии на 100 припадници на американската војска и побара од своите приврзаници да ги убијат.

Од 2013 година до денес во САД се уапсени повеќе од 70 поединци поради обид да ја поддржат ИД



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...