Кери се надева на напредок на преговорите за Сирија во Женева

Женева, 2 мај 2016 (МИА) - Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека се надева оти ќе биде постигнат напредок на преговорите во Женева следните два дена во однос на почитување на спогодбата од февруари за прекин на огнот во цела Сирија и за продолжување на преговорите за мирно решавање на конфликтот.



- Се надеваме дека ќе успееме да одбележиме одреден напредок. Резолуцијата на Советот за безбедност повикува за целосно примирје, кое ја опфаќа целата територија на земјата, како и целата држава да биде достапна за хуманитарна помош. Очигледно тоа не се случува, рече Кери на почетокот на средбата со јорданскиот министер за надворешни работи Насер Џудех синоќа веднаш по пристигнувањето во Женева.

Во обидот да го поттикне почитувањето на примирјето во Сирија, администрацијата на Барак Обама уште еднаш беше принудена да се обрати кон Русија за помош. Кери повторно упати апел кон рускиот колега Сергеј Лавров за помош во ограничувањето на насилството, особено околу гратчето Алепо. 

- Разговаравме директно со Русите дури во овој момент, рече Кери при пристигнувањето во Женева.

- Ова се критични часови. Очекуваме соработка од Русија. Очигледно очекуваме режимот во Дамаск да ја послуша Русија и да одговори на категоричкиот повик на меѓународната заедница, упатен преку Советот за безбедност на Обединетите нации, рече Кери. 

Државниот секретар за таа цел претходниот ден телефонски разговараше со Лавров и се надева дека наскоро ќе се сретне со него.  

Кери во Женева денеска ќе се сретне со пратеникот на ОН за Сирија, Стефан де Мистура и со саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал Џубеир, пред да се врати во Вашингтон. Лавров не е планирано да пристигне во Женева.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...