Вонредна состојба во Алберта, пожарот се уште не е изгаснат

Отава, 5 мај 2016 (МИА) – Големиот пожар поради кој беа евакуирани 88.000 луѓе од канадскиот град Форт Мекмари се уште не е изгаснат, а официјални лица од провинцијата Алберта прогласија вонредна состојба.

Засега нема информации за повредени додека надлежните соопштија за уништени над 160 објекти.



Премиерката на Алберта, Ракел Нолти изјави дека 105 пациенти од локалната болница се префрлени во други медицински установи. Министерот за локална управа Даниеле Ларив, рече дека провинцијата прогласила вонредна состојба бидејќи пожарот и понатаму активно гори во населени области.

Пожарот се шири поради силниот ветар и го гаснат околу 200 пожарникари со девет пожарникарски авиони и десетина хеликоптери. Проценките се дека е зафатена област од околу 7.500 хектари и очекувањата се дека ситуацијата може да се влоши поради силниот ветар и високите температури што создаваат „експлозивни услови“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...