Насилни демонстрации против Доналд Трамп

Албукерк, 25 мај 2016 (МИА) - Демонстрациите против републиканскиот кандидат Доналд Трамп и неговиот предизборен настап во Конгресниот центар во Албукерк, во сојузната држава Њу Мексико, се претворија во насилни, откако демонстрнтите почнаа да фрлаат камења и стаклени шишиња, како и запалени маички кон зградата на центарот.

Интервенирала полицијата која во обид да ги растера демонстрантите и да воспостави ред, користела гранати со чад, но најнасилните демонстранти се судрили и со полициските сили, пишува „Њујорк тајмс“.

Дел од демонстраните се обиделе да го попречат и настапот на Трамп носејќи транспаренти „Трамп е фашист“ како и „Доволно слушнавме од него“.

Њујоршкиот милијардер е најверојатниот кандидат на Републиканската партија за иден претседател на САД.

Трамп во своите претходни настапи предизвика бурна реакција во американската јавност, со заложбите дека ако влезе во Белата куќа ќе изгради ѕид на границата со Мексико за да го запре напливот од имигранти од оваа соседна земја, како и од другите латиноамерикански земји.

Честопати тој јавно ги навредуваше Мексиканците како „криминалци„ и „силувачи“ предизвикувајќи гнев во Мексико и вознемиреност на светската јавност.

Сојузната држава Њу Мексико има најголем број од Хиспаноамериканското население во САД.

Во Албукерк, Трамп зборувал пред четири илјади луѓе и во својот познат стил, на настапот ги исмевал демонстрантите, нарекувајќи ги „деца кои треба да се вратат кај мајките“.

Републиканскиот гувернер на Њу Мексико, Сузана Мартинез како и низа високи функционери од партијата од оваа сојузна држава, одбиле да присуствуваат на предизборниот настап на Трамп.

Гуверенерот Мартинез е остар критичар на Трамп и противник на неговата претседателска кандидатура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...