Обама ја поздрави слободата на говорот во Виетнам

Ханој, 25 мај 2016 (МИА) - Американскиот претседател Барак Обама на форум на млади азиски лидери во Хо Ши Мин ја поздрави слободата на говорот во Виетнам, пренесе ДПА.

- Луѓето треба да бидат оставени слободно да го изразуваат своето мислење, рече тој во одговорот на прашањето на една раперка дали Владата има намера да одигра поголема улога во поттикнување на уметноста.

„Тоа е дел од постоењето на современата култура во 21 век“, додаде тој.

Изјавата на Обама беше еден од најдиректните и најлични ставови за темата за човековите права за време на неговата тридневна посета на Виетнам, забележа ДПА.

- Владите понекогаш се дразнат од уметноста, рече американскиот претседател. „Но, ако се обидувате да ја потиснете уметноста, со тоа мислам, ги потиснувате најскриените мечти и очекувања на луѓето“

Околу 800 лица учествуваа на денешниот форум, а повеќето беа од Иницијативата „Млади лидери во југоисточна Азија“, американската програма што Обама ја почна со работа во 2013 година, а чија цел е размена на лидери на возраст меѓу 18 и 35 години.

Неколку познати виетнамски дисиденти, кои беа поканети во Ханој да се сретнат со Обама и кои во минатото отворено зборувале за спорните теми во Виетнам, како човековите права и демократијата, вчера беа приведени од виетнамските власти и задржани до заминувањето на американскиот претседател за Хо Ши Мин, јави ДПА.

Неофициалниот карактер на денешната средба беше необичаен за Виетнам, каде општеството ретко има можност да добие директен пристап до државни функционери, каков што денеска беше случајот.
Многу од поставените прашања изразуваа пофалби за Обама.

Американскиот претседател зборуваше и за важноста на борбата со климатските промни.

- Ако земја како Виетнам или Кина, или Индија тргне по истиот пат на развој како САД, тогаш сите ќе се најдеме под вода, изјави Обама. „Ние во САД треба да направиме повеќе во овој правец“, призна тој, „но тоа се однесува не само за нас, туку за сите“.

Американскиот претседател предупреди дека климатските промени може многу тешко да се одразат врз Виетнам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...