Хилари Клинтон ги прекршила правилата на Стејт департментот

Вашингтон, 26 мај 2016 (МИА) - Внатрешната истрага, спроведена во американскиот Стејт департмент констатира дека Хилари Клинтон ги прекршила правилата на Министерството, заедно со другите кои работеле со неа додека таа беше државен секретар, околу безбедноста на електронската пошта.

Според заклучоците на истрагата, Клинтон не се придржувала на правилата за чување на податоците затоа што ја користела својата приватна и-меил адреса за службени потреби, без за тоа да добие одобрување.



Истрагата открила дека станува збор за „долга и системска слабост“ околу чувањето на податоците.

Во првата реакција од Калифорнија, каде учествува во кампањата за прајмери изборите на Демократската партија, во оваа сојузна држава, Клинтон изјави дека нејзиното однесување не се разликува од она на нејзините претходници во Стејт департментот.

Клинтон вели дека нема докзи за какви било упади во нејзиниот (приватен) сервер и објаснува дека луѓето од Стејт департментот знаеле дека таа го користи личниот меил во текот на нејзината работа како државен секретар.

Истрага околу евентуаните упади во приватниот сервер, најави и ФБИ, но од Бирото велат дека се уште не ја испрашувале Клинтон околу тоа. Таа демантира дека доверливи материјали биле испраќани преку приватниот меил.

Политичките противници и критичари инсистираат дека таа сепак немала формално одобрување за употребата на приватниот сервер и за службени цели, како и дека со своето однесување во случајот се однесува како таа да е над законите.

Појавувањето на извештајот од внатрешната истрага за „случајот мејлови„ доаѓа во самиот финиш на трката за номинација на Демократската партија за претседателските избори во ноември.

Клинтон е најверојатниот претседателски кандидат затоа што и се потребни уште 83 делегати, но за неа е важна победата во Калифорнија, од каде се добиваат најмногу делегати за конвенцијата на партијата, поради упорноста на сенаторот Берни Сандерс да .остане во изборната трка, пресметувајќи се со неа, а не со републиканецот Доналд Трамп.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...