Во Палмира пронајдена масовна гробница

Дамаск, 26 мај 2016 (МИА) - Сириските владини сили денеска во древниот град Палмира открија масовна гробница со најмалку 65 тела, за кои се претпоставува дека им припаѓаат на лица убиени од страна на припадници на групата Исламска држава (ИД), во време кога реонот беше под контрола на џихадистите, јави ДПА.  

Според Сирискиот центар за мониторниг на човековите права, убиените лица во масовната гробница се сириски војници и припадници на паравоени групи лојални на властите во Дамаск.

Центарот во своето соопштение наведува дека жртвите најверојатно биле убиени во мај минатата година, кога припадниците на ИД ја зазедоа Палмира. 

Гробницата била откриена во близина на воениот аеродорм во Палмира.

Ова е втора масовна гробници пронајдена во Палмира откако сириските владини сили, со поддршка од руското Воено воздухопловство, пред два месеци ги потиснаа џихадистите од градот и востоставија контрола врз него. Во првата гробница беа пронајдени околу 40 тела, меѓу кои и на жени и деца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...