Миграцијата, тероризмот и глобалната безбедност на Г-7 во Јапонија

Исе Шима, 27 мај 2016 (МИА) - „Континуираното масовно движење на мигрантите и бегалците, земјите од Г-7 го оценуваат како глобален проблем што треба да биде решен од целата меѓународна заедница“.

Ова се наведува во завршната декларација од дводневната средба на врвот во Јапонија на седумте најразвиени економии во светот. 

Во документот се посочува дека државите од седумката се загрижени од ситуацијата во Јужно Кинеско Море и инсистираат споровите за контрола врз акваторијата да се решат на мирен начин, согласно меѓународното право.



Неопходно е да се бара пат кон постигнување мир низ светот и создавање услови за свет без нуклеарно оружје, се наведува уште во коминикето од Самитот на Г-7.

Во документот се дава препорака за „натамошни колективни и координирани дејствија“ против тероризмот и неговото финансирање, се осудуваат нуклеарните и ракетните тестирања во Северна Кореја и се забележува дека санкциите против Русија ќе бидат повлечени кога таа ќе ги исполни своите обврски од Минските спогодби, пренесоа светските агенции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...