Силни земјотреси регистрирани во Тајван и на јужните јапонски острови

Тајпеј, 31 мај 2016 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди изутринава Тајван, а потресот беше почувствуван и во главниот град Тајпеј, но нема соопштение за евентуални жртви или причинета материјална штета, соопшти Европско-медитеранскиот сеиозмолошки центар. 

Геофизичкиот институт на САД го регистрираше потресот на 110 километри североисточно од Тајпеј и соопшти дека интензитетот бил 6,4 степени, а епицентарот бил на длабочина од 248 километри. 

Според метеоролошката служба на Тајван земјотресот бил со интензитет од 7,2 степени. 

Жителите на Тајпеј велат дека земјотресот е почувствуван во зградите на главниот град, вклучувајќи ги и тие на Парламентот и на меѓународниот аеродром „Таојуан“.

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени е регистриран денеска и на јужните јапонски острови, но не е издадено предупредување за цунами, соопшти јапонската метеоролошка служба.

Нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета. Епицентарот на земјотресот бил на две илјади километри југозападно од Токио, на длабочина од 220 километри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...