Сунде: Цукерберг е диктатор на „Фејсбук нацијата“

Амстердам 30 мај 2016 (МИА) – Еден од основачите на сајтот Пајрет-беј (Piratebay), Питер Сунде го нарече Марк Цукерберг – „диктатор на најголемата нација во светот,“ мислејќи на Фејсбук заедницата. Истовремено, тој ја осуди централизација на моќ на едно место.

На неодамнешната ИТ конференција во Амстердам,  Сунде за ЦНБЦ изјави дека на интернет нема демократија.

- Луѓето кои работат во технолошката индустрија имаат голема одговорност, но никогаш не разговараат за тие работи... Фејсбук е најголемата нација на светот и, гледајќи низ призмата на демократијата, тука имаме диктатор. Марк Цукерберг е диктатор, рече Сунде.

Сунде нагласи дека не користи Фејсбук, но и дека заради тоа трпи неговиот „офлајн“ живот.

- Нема повици за забави, нема информации што се случува со моите пријатели, луѓето прекинуваат да зборуваат со тебе оти не си на Фејсбук. Тоа влијае на вистинскиот  живот, дополни Сунде.

Фејсбук, којшто брои околу 1,6 милијарди корисници, засега се уште нема одговорено на овие „обвиненија“ и лични гледишта на Сунде.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...