Врховниот суд го блокираше планот на Обама за мигрантите

Вашингтон, 24 јуни 2016 (МИА) - Американскиот Врховен суд синоќа го блокираше предлог-законот кој го предложи претседателот Барак Обама, со кој милиони мигранти ќе беа заштитени од депортација. 

Судиите беа со поделени мислења за предлог-законот, четворица го поддржаа, а четворица гласаа против, па поради тоа остана во сила пресудата на понискиот суд со која се поништува предлогот. 

Обама одлуката на Врховниот суд ја оцени како „многу тажна за милионите мигранти кои тука ги изградија своите животи“, но исто така ги предупреди своите противници дека нема да можат уште долго да го спречуваат остварувањето на соништата на мигрантите. 

- Американците во ноември ќе мора да одлучат што им е важно и кои сме ние, истакна Обама, алудирајќи на претседателските избори, на кои најверојатно ќе се соочат кандидатката на демократите Хилари Клинтон и републиканецот Доналд Трамп. 

Врховниот суд најчесто има девет членови, но судијата Антонин Скали почина во февруари, а Сенатот одби да гласа за избор на судијата на Апелациониот суд Мерик Герланд, кој го предложи Обама како замена за Скали.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...