Брегзит - поттик за барање независност на Тексас

Остин, 27 јуни 2016 (МИА) – Поттикнати од брегзит, движењето Тексашко националистичко движење, побара од гувернерот Грег Абот да поддржи такво гласање и во таа американска држава.

Групата која тврди дека има околу 250.000 приврзаници направи неуспешен обид оваа година да вклучи гласање за отцепување на Тексас во изборите во ноември. Претседателот на движењето Даниел Милер изјави дека кампањата ќе биде обновена за следниот изборен цилкус во 2018 година.

- Тексас бил независна држава од 1836 до 1845 година и со економија од 1,6 билиони  долари годишно би бил една од 10-те најголеми држави во светот, нагласува Милер.

Правници наведуваат дека ниту една американска држава не може да се отцепи.

Од Мејн до Аљаска постојат такви групи. Според анкети на Ипсос/Ројтерс од 2014 година, речиси една четвртина од Американците сакаат нивните држави да ја напуштат унијата.

Во Калифорнија лидерот на Кампања за независност на Калифорнија, Луис Маринели вели дека има намера да побара референдум за самоопределување на кој би се гласало дали државата да ги напушти САД или да остане дел од американскиот сојуз.

Кампањеи за напуштање на САД се водени на Хаваи и Њу Хемпшир. Кампањата за отцепување на Вермонт, наречена Втора република Вермонт, замре откако лидерот на кампањата почина во 2012 година. Групата сакаше мала, демократска држава базирана на еднаквост и ненасилство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...