Авион на „Сингапур Ерлајнс“ се запалил веднаш по принудното слетување

Сингапур, 27 јуни 2016 (МИА) - Патнички авион на „Сингапур Ерлајнс“, што требаше да лета на својот редовен лет до Милано, бил зафатен со оган, веднаш откако леталото принудно атерирало на аеродромот во Сингапур.

Авионот „Боинг 777“ со 222 патници и 19 членови на екипажот, полетал рано утринава во 02:05 часот на пат за Италија, но по два часа летање, пилотот побарал и добил дозвола да се врати назад, откако јавил за проблеми со моторите.

Веднаш по слетувањето на сингапурскиот аеродром, еден од моторите се запалил предизвикувајќи пожар на десното крило на авионот.

Во соопштението на авионската компанија се вели дека никој од патниците и членовите на екипажот не настрадал и дека сите биле безбедно евакуирани.

Интервенирале противпожарните екипи кои за кусо време го изганале огнот, но засега не се знае обемот на штетата што е предизвикан.

Компанијата и полицијата отворија истрага за овој инцидент, а „Сингапур Ерлајнс“ за денеска попладнево организира нов лет за Милано.

Еден од патниците за локалните медиуми изјавил дека веќе по еден час летање во кабината се почувствувал мирис на гориво, но дека ниту тој, а ниту другите патници реагирале на миризбата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...