Бајден ќе учествува во кампањата на Хилари Клинтон

Вашингтон, 1 јули 2016 (МИА) - Американскиот заменик-претседател Џо Бајден ќе учествува следната недела прв пат во кампањата на Хилари Клинтон за претседателските избори, соопшти денеска нејзиниот тим. 

Бајден ќе присуствува на манифестација заедно со Клинтон на 8 јули во Скрантон, во сојузната држава Пенсилванија, четири дена по вклучувањето во кампањата на претседателот Барак Обама, кој ќе ја придружува кандидатката на демократите во Шарлот, Северна Каролина.



Во Скрантон, родниот град на Бајден, заменик-претседателот и кандидатот за претседател ќе говорат за заедничките напори за изградба на земја, во која сите заедно се посилни и за економија, која ќе работи во корист на сите, а не само на врвот, се наведува во соопштението на екипата на Клинтон. 

Пенсилванија и Северна Каролина не се случајно избрани за први средби на Обама и Бајден со американските гласачи. Двете сојузни држави може да имаат големо влијание на изборите на 8 ноември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...