Завршува мисијата на ОН во МонровијаМонровија, 1 јули 2016 (МИА) - Мировната мисија на Обединетите нации во Либерија испратена во 2003 година по две крвави граѓански војни, се повлекува.
Во составот на мисијата имаше 15.000 луѓе и во изминатите месеци нивната улога се намали откако контролата за редот беше префрлена на локалните сили за безбедност.
Сега во таа западноафриканска држава ќе останат 1.240 војници и 606 полицајци на ОН, но тие ќе може да интервенираат само во итни ситуации.
Либерија бавно ја враќа политичката стабилност по двете војни кои траеја 14 години.
|