Сопругата на Трамп обвинета за копирање на говорот на Мишел Обама

Сопругата на Доналд Трамп, поранешниот фотомодел Меланија, стана централна личност на првиот ден од Конвенцијата на Републиканската партија, на која нејзиниот сопруг треба и официјално да биде прогласен за претседателски кандидат, откако американките медиуми нејзиниот говор го прогласија за плагијат.

Според телевизијата Си-Ен-Ен, Меланија Трамп презела „бареме еден цел пасус“ од истиот таков говор на Мишел Обама на Конвенцијата на Демократската паретија на САД во 2008 година.

Зборувајќи за својот сопруг, Меланија ги користела истите зборови и фрази за да го величи Доналд Трамп, како човек кој има разбирање и за другите и сочувствува со нив, како и дека се бори за својата земја.

Обвинувањето за плагијат на потенцијално идната „прва дама“ на САД, ги засени сите други настани и случувања на Конвенцијата на републиканците.

Ова беше прв јавен настап на сопругата на Трамп и медиумите тврдат дека при правењето на говорот за Конвенцијата, и помагал тим од пишувачи на говори, што не е ништо невообичаено.

Во соопштението на советникот за комуникации на Трамп се вели дека излагањето на сопругата Меланија е „убаво и топло“ и дека оние кои и помагале при пишувањето се раководеле од нејзините мисли и погледи, користејќи ги нејзините впечатоци како имигрант во САД.

Меланија Трамп по потекло е од Словенија и во изминатата година, откако Трамп се промовираше себе си на американската политичка сцена како кандидат на републиканците за иден претседател на САД, таа стоеше сосема настрана од јавните настапи на нејзиниот сопруг, за разлика од однесувањето на сопругите на другите кандидати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...