Трамп и официјално е претседателски кандидат на републиканците

Кливланд, 20 јули 2016 (МИА) - Конгресот на американските републиканци и официјално го номинира Доналд Трамп за претседателски кандидат, пренесоа светските агенции.

Ова се случи по гласањето на конгресот од кое стана јасно дека Трамп ја доби поддршката на мнозинството од делегатите (односно поддршката на 1.237 делегати). При гласањето делегатите од сите американски држави станаа на нозе и ги соопштија резултатите од првичните избори и партиските собранија, што на нивна територија се одржаа претходно годинава.

Трамп ги повика сопартијците заедно и до крај да го минат патот до Белата куќа. Тој ова го направи преку видеообраќањето до делегатите на републиканскиот конгрес во Кливланд, пренесоа светскиите агенции.

„Заедно постигнавме историски резултати. Го освоивме најголемиот број гласови, освоен во историјата на партијата, рече Трамп во својата кратка порака, откако стана јасно дека на конгресот тој е номиниран како официјален кандидат за претседател на САД од страна на републиканците.

Трамп уште кажа дека ќе дојде на конгресот уште истата вечер, а утре ќе одржи голем говор, со што и официјално ќе ја прифати номинацијата.

Во својата кратка порака тој вети сигурни граници за САД и рече дека земјата ќе се спаси од Исламска држава. Трамп вети што е можно најбрзо враќање на јавниот ред во земјата. Тој со делегатите сподели дека никогаш нема да го забрави моментот кога бил номиниран за кандидат за претседател.

Резултатите од партиското гласање за државата Њујорк ги соопшти синот на Трамп - Доналд Трамп-помладиот во присуство на неговиот брат Ерик и на двете нивни сестри Иванка и Тифани.

Трамп на Твитер напиша дека за него е голема чест да биде кандидат за претседател на Републиканската партија, пренесоа француските медиуми.

Делегатите на конгресот денеска го одобрија и гувернерот на државата Индијана, Мајк Пенс, за кандидат за вицепретседател на Трамп, дополни ДПА.

Во понеделникот, на првиот ден од конгресот на републиканците, делегатите ја усвоија партиската платформа. Во неа Републиканската партија го зацврстува тонот против Кина, забележаа американските медиуми.

Најновите анкети покажуваат дека предноста на Хилари Клинтон пред Трамп се намалува. Според анкетите, минатата недела разликата во корист на демократката Клинтон изнесуваше 15 проценти, а сега е едвај  седум проценти. За Клинтон би гласале 43 проценти од анкетираните, а за Трамп 36 проценти.

Трамп во интервју за телевизијата Си-Би-Ес ги коментираше обвиненијата против неговата сопруга Меланија за тоа дека го копирала говорот на Мишел Обама. Таа вчера одржа говор на првиот ден од конгресот во Кливланд и веднаш беше констатирано совпаѓање со кличените изговорени реченици од говорот на Мишел Обама од 2008 година.

-Мислам дека луѓето од екипа не требаше да го направат тоа, рече Трамп, напоменувајќи на овој начин, без да каже директно, дека вината е на луѓето кои го напишале говорот на Меланија.

„Горд сум од тоа што таа го направи и мислам дека таа беше неверојатна“, додаде тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...