Клинтон ни донесе смрт, разурнувања, тероризам и слабост

Кливленд, 22 јули 2016 (МИА) - Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп ја обвини неговата ривалка од Демократската партија, Хилари Клинтон дека нејзиното наследство како државен секретар од првиот мандат на претседателот Барак Обама се изразува со „смрт, разурнувања, тероризам и слабост“.

Во својот говор на Конвенцијата во Кливленд со кој официјално ја прифати кандидатурата на Републиканската партија за американски претседател, Трамп рече дека безбедноста во САД е намалена, а светот станал понестабилен откако Клинтон застана на чело на Стејт департментот.

- Наследството на Хилари Клинтон не треба да биде наследството на САД. Проблемите, пред кои сме исправени сега, сиромаштијата и насилството дома, војните и разурнувањата во странство, ќе продолжат доколку продолжи да се смета на истите политичари, кои ги создадоа, рече Трамп.

- Се додека сме раководени од политичари кои САД не ги поставуваат на прво место, можеме да бидеме сигурни дека другите земји нема да се однесуваат кон нас со респект, нагласи Трамп. 

- Време е да му покажеме на цел свет дека Америка се врати. Поголема, подобра и посилна од кога било, истакна Трамп. 

Клинтон доцна синоќа одговори на овие напади, со објава на Твитер во коаја на Трамп кусо му порача: „Подобри сме од тоа“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...