Во Кувајт измерена највисока температура на Планетата

Кувајт, 25 јули 2016 (МИА) - На територијата на Кувајт, емират на брегот на Персискиот Залив, се измерени 54 степени Целзиусови, што претставува највисоката измерена температура воопшто, во историјата на метеоролошките мерења, јави телевизијата „Ал Арабија".

Како што пренесува ТАСС, рекордната температура од 54 степени Целзиусови, односно 129 степени Фаренхајтови, е измерена во средата на 20 јули, во местото Мутриба, северозападен Куваит. Податокот за светскиот рекорд, претставен од кувајтските метеоролози, денеска се потврдени и од Светската метеоролошка организација.

Претходно, температура од над 54 степени била регистрирана само двапати. На 10 јули 1913 година во Калифорнија, во т,н. Долина на смртта, каде живата достигнала 56,7 степени, а на 13 септември 1922 година, во италијанска воена база во либиската пустина се забележани 58 степени Целзиусови. И во двата случаи, според експерти, мерењата биле направени со уреди со сомнителна точност, така што, ниту едниот, ниту другиот податок, не се признати како веродостојни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...