ОН: Во Авганистан годинава регистриран рекорден број цивилни жртви

Кабул, 25 јули 2016 (МИА) - Во Авганистан во првата половина на 2016 година е регистриран рекорден број цивилни жртви - 5.166 убиени и ранети, соопшти Мисијата на Обединетите нации за помош на Авганистан.

Мисијата во денеска објвениот извештај посочува дека во првите шест месеци од годинава се убиени 1.601 цивили, а 3.565 се ранети, што е раст за четири проценти во однос на истиот период лани. Една третина од жртвите се деца, од кои 388 се убиени.

Вкупниот број на цивилни жртви во земјата, регистрирани од ОН меѓу 1 јануари 2009 и 30 јуни 2016 година достигна 63.934, од кои околу 23 илјади се убиени, а 41 илјада се ранети. 

Мисијата ги обвинува бунтовниците, а најмногу талибанците и групата Исламска држава за 60 отсто од смртните случаи. Во извештајот се додава дека жртвите предизвикани од владините сили се зголемиле за 47 отсто во однос на минатата година и претставуваат 23 отсто од вкупната бројка.

Заборавени експлозиви, мини и рачно изработени експлозивни направи се причина за смртта на 85 отсто од убиените и ранети деца. 

- Секоја смрт на цивил треба да ги поттикне страните во конфликтот да реагираат за да ги намалат страдањата на цивилното населене и да му обезбедат подобра заштита, смета специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН во Кабул, Тадамичи Јамамото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...