Синај: ИД уби египетски полицаецКаиро, 25 јули 2016 (МИА) - Вооружени напаѓачи убија египетски полицаец во северен Синај. Одговорност за нападот презеде Исламска држава, соопшти египетското Министерство за внатрешни работи.
- Вооружени напаѓачи синоќа го убија полициски мајот во Ел Ариш, главниот град на Северен Синај, се посочува во соопштението.
Египетскиот огранок на ИД на Синајски Полуостров има убиено стотина полицајци и војници.
|