Кина: Противракетниот штит на САД во Кореја ќе ги зголеми тензиите

Пекинг, 25 јули 2016 (МИА) - Распоредувањето на новиот американски противракетен систем во Јужна Кореја ќе ги влоши тензиите на Корејскиот Полуостров и сериозно ќе ја загрози довербата меѓу Кина и САД, предупреди денеска висок кинески воен претставник.

Фан Чанглонг, потпретседател на Централната воена комисија, ја даде оваа изјава на состанокот со американската советничка за национална безбедност Сузан Рајс.

Тој и кажал на Рајс дека неуспехот во адекватното решавање на чувствителни прашања меѓу САД и Кина би можел „многу веројатно да ги поткопа“ воените односи меѓу двете земји.

Рајс е највисок американски претставник кој престојува во посета на Пекинг откако Постојаниот арбитражен суд во Хаг претходно овој месец ги оцени како незаконсли кинески територијални претензи врз Јужното кинеско Море, што го разлути Пекинг и ги зголеми тензиите со Вашингтон.

И покрај тензиите, двете држави настојуваат да ја подобрат комуникацијата меѓу своите војски со надеж дека ќе ги намалат недоразбирањата, кои би можеле да доведат до судири.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...