Трамп во моментов води во трката за претседател на САД

Вашингтон, 25 јули 2016 (МИА) -  Републиканскиот кандидат во трката за нов американски претседател, Доналд Трамп, во моментов води со 44 наспроти 39 отсто гласови во однос на неговата ривалка од редовите на Демократската партија, Хилари Клинтон, покажува најновата анкета на јавното мислење на телевизијата Си-Ен-Ен.

Рејтингот на Трамп по конвенцијата на Републиканската партија скокна за шест проценти и тоа воедно е неговиот најдобар рејтинг во однос на Клинтон од септември 2015 година.

Предноста ја доби главно благодарение на растот на поддршката меѓу независните избирачи од кои 43 отсто по конвенцијата во Кливленд рекле дека веројатно ќе го поддржат, додека 41 изјавиле дека нема да му го дадат својот глас.

Анкетата, исто така, ја одразува и заостарената поделба околу степенот на образование меѓу белите избирачи, која доминираше во текот на кампањата.

Клинтон всушност ја засили својата позиција меѓу белите избирачи со факултетска диплома и има предност над Трамп од 44 отсто наспроти 39 отсто гласови. Трамп, од друга страна, го зголеми своето водство меѓу белите избирачи без факултет на 62 наспроти 23 отсто во однос на Клинтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...