Комитетот за заштита на новинарите доби статус на НВО акредитирана од ОН

Њујорк, 26 јули 2016 (МИА) - Комитетот за заштита на новинарите, со седиште во Њујорк доби статус на невладина организација, акредитирана од Обединетите нации.

Комитетот овој статус го доби со резолуцијата, која синоќа ја донесе Економскиот и социјалениот совет на ОН. 

Советот на Комитетот му даде „специјален консултативен статус на невладина организација“, се наведува во документот, усвоен со гласовите на 40 држави. Пет држави  - Русија, Виетнам, Зимбабве, Кина и Руанда, гласаа „против“, а други шест - Алжир, Бангладеш, Буркина Фасо, Индија, Пакистан и Уганда, беа „воздражани“.

Консултативниот статус на Комитетот ќе му дозволи да учествува на седници на ОН.

Делегациите на Русија, Кина и Виетнам изјавија вчера дека принципиелно се против преразгледување на одлуките на Комитетот во однос на невладините организации на Советот. Комитетот повеќе пати ги критикувал властите во повеќе земји, особено во Русија, а вчера ова тело изрази загриженост од ситуацијата во Турција, каде властите издадоа наредби за апсење на 42 новинари, обвинети за вмешаност во обидот за воен удар. 

Економскиот и социјалениот совет на ОН вчера одлучи да акредитира и друга невладина организација, Младинската коалиција за сексуални и репродуктивни права, која ги поддржува правата на хомосексуалците. Дваесет и шест земји гласаа „за“, седум „против“, меѓу кои и Русија, додека 13 беа воздржани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...