Истрага за малтретирање деца во поправен дом за малолетници во Австралија

Сиднеј, 26 јули 2016 (МИА) - Австралискиот премиер Малком Трнбул нареди истрага во врска со малтретирање деца во центар за задржување малолетници, по објавените снимки на кои чувари употребуваат солзавец против тинејџери и заврзуваат со ремен на стол полуголо момче со качулка на главата. 

Австралиската телевиција Еј-Би-Си синоќа емитуваше снимки од надзорните камери во центарот за задржување во градот Дарвин во покраината Северна Територија, снимени меѓу 2010 и 2015 година.

Објавениот материјал предизвика жестоки реакции во земјата, а властите од локално ниво, па се до премиерот негираат дека знаеле за снимките.

- Како и сите други Австралијци бев длабоко шокиран и згрозен од тие снимки, на кои е прикажано малтретирање на деца во центарот за задржување „Дон Дејл“, вели Трнбул. 

Премиерот нареди истрага на највисоко ниво во соработка со властите од Северната Територија.

- Неопходна е темелна и брза истрага, со цел да се одреди што се случило и како било дозволено сето тоа да се случува толку долг временски период, а при тоа да не биде откриено, рече тој. 

Снимките покажуваат како чуварите ги соблекуваат малолетниците, од кои многумина се Абориџини и ги прскаат со солзавец. Некои од децата останувале во самица со недели.

Еј-Би-Си не откри како дошла до снимките, со цел да ги заштити своите извори.

Северната Територија има највисоко ниво на криминал меѓу младите во Австралија, при што 97 отсто од малолетните затвореници се Абориџини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...