Осуммина загинати при две експлозии близу аеродромот во Могадишу

Могадишу, 26 јули 2016 (МИА) - Најмалку осум лица загинаа денеска при експлозија на две бомби во близина на аеродромот „Аден Аде" во сомалискиот главен град Могадишу, соопшти претставник од силите за безбедност на Сомалија.

Првата експлозија се случила близу контролен пункт на патот кон аеродромот, а втората пред седиштето на ОН во Могадишу. Првата експлозија се претпоставува дека е предизвикана од автомобил бомба.

По двете експлозии следеле престрелки. Засега, никој не презеде одговорност за нападите, но тие укажуваат на методите на радикалната исламистичка група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда.

Меѓународниот аеродром „Аден Аде", именуван по првиот претседател на Сомалија, се претвори во вистинска тврдина, откако во непосредна близина беше изграена главната база на Мировната мисија на Африканската унија во Сомалија. Мисијата составена од 22.000 војници, е вопсотавена во 2007 година со задача да и помага на нестабилната сомалиска Влада во борбата против Ал Шабаб.

Силите на Африканската унија ги поттиснаа борците на Ал Шабаб од сомалиската престолнина во август 2011 година. Потоа исламистите загубија голем дел од своите упортишта, но се уште контролираат поголем дел од руралните средини, откаде водат герилска борба и извршуваат самоубиствени напади, најчесто изведени во Могадишу.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...