Лавров изрази надеж дека Русија, САД и ОН ќе најдат решение за Сирија

Виентиан, 26 јули 2016 (МИА) - Пречка за обновување на меѓусириските преговори е ултимативната позиција на Врховниот преговарачки комитет, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со американскиот државен секретар Џон Кери на маргините на Самитот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во главниот град на Лаос, Виентиан.

- Денешната средба меѓу Русија, САД и ОН во Женева исто така се должи на потребата што е можно поскоро да почне работата во однос на политичкиот пакет за уредување на ситуацијата во Сирија, посочи Лавров.

- Потребно е да се свика што е можно поскоро уште еден, всушност првиот круг од меѓусириските преговори, со оглед на тоа што претходните обиди е тешко да се наречат преговарачки кругови, додаде тој.

Лавров нагласи дека е потребно да се свикаат разговори, кои ќе се одржуваат на принципите утврдени од Советот за безбедност на ОН, со целосно учество на Владата и на сите опозициски сили без исклучок.

- Засега специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН Стефан де Мистура не успеја да ги собере на една маса сите, кои треба да ја решаваат судбината на Сирија, нагласи тој. 

Според Лавров, опозицискиот Врховен преговарачки комитет засега зазема неконструктивна позиција, не изнесува никакви предлози, поставува ултматуми, кои нема да доведат до ништо добро - дека е неопходно Асад да се повлече. - Тоа е позиција без апсолутно никаков исход, рече Лавров.

Тој изрази надеж дека делегациите на  Русија, САД и ОН во Женева ќе успеат да усогласат одредено решение, кое ќе се заснова врз резолуцијата на ОН без никакви претходни услови и ултиматуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...