Севернокореец побара азил во Конзулатот на Јужна Кореја во Хонг Конг

Хонг Конг, 28 јули 2016 (МИА) -  Државјанин на Северна Кореја влегол во Конзулатот на Јужна Кореја во Хонг Конг и побарал политички азил, објави хонгконшкиот весник „Саут Чајна Морнинг Пост“.

Весникот вели дека нема други детали за овој „дипломатски инцидент“, освен дека станува збор за студент, кој веќе две недели престојувал во Хонг Конг, каде допатувал за да учествува на еден студентски натпревар по знаење.

Веднаш по дознавањето за пребегот, зголемен е бројот на полицајци пред зградата на Конзулатот, а целиот простор е строго обезедуван.

Кина има контрола врз сите дипломатски прашања во Хонг Конг, па тамошните власти веднаш ја известиле владата во Пекинг за случајот.

Јужнокорејското Министерството за надворешни работи одби да го коментира бегството на Севернокореецот, освен што само потврди дека тој е од Пјонгјанг и сака да замине во Јужна Кореја.

Претставник на една невладина организација во Хонг Конг изјави за локаните медиуми дека студентот најверојатно ќе мора да одседи неколку месеци во зградата на Конзулатот, пред да се реши неговиот случај.

Доколку тој посака да замине од Хонг Конг во Јужна Кореја, тогаш за тоа ќе мора да добие согласност од Владата на Кина.

Сличен ваков инцидент е регистриран и во 2012 година, во Пекинг, кога кинеските власти чекаа три години пред да им дозволат на петмина севернокорејски бегалци да се префрлат во Јужна Кореја.

Кина ги враќа назад сите Севернокорејци за кои ќе се утврди дека илегално влегле на кинеската територија, додека властите во Сеул ги прифаќаат сите што ќе побараат да се населат на Југот од поделениот Полуостров.

Во април годинава, 13 Севернокорејци, кои работеа во странски ресторан, пребегнаа во Јужна Кореја, што претставува прво масовно бегство од една локација. Втора ваква група пребегна во мај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...