Поранешниот претседател на Гватемала обвинет за корупција и измама

Гватемала Сити, 28 јули 2016 (МИА) - Судот во Гватемала отвори истрага против поранешниот претседател Ото Перез Молина, во врска со обвинување за повеќемилионска корупција.

Молина стапи на претседателската функција во 2012, но мораше да поднесе оставка во септември 2015 година, откако се обелоденија сомнежите за измама и корупција.

Само еден ден по оставката, Молина беше уапсен.

Гватемалските правосудни власти веќе имаат почнато истрага против поранешниот претседател и во врска со специјално уредената шема за земање поткуп во царинската служба на земјата.

Најновата истрага се однесува на сомневањата дека Молина примил 37,9 милиони долари за да обезбеди државен договор со една градежна компанија.

Според истражните органи, поранешниот шеф на државата има добиено скапи „подароци“, меѓу кои и хеликоптер, авион и луксузен автомобил.

Гватемалската анти-корупциска комисија, претходно, го обвини Молина дека има земено поткуп и од една шпанска пристанишна компанија.

Главниот судија во истрагата против поранешниот претседател, Мигуел Анхел Галвез, изјави дека оргнизираната шема за земање поткуп од цариската служба, опфаќала повеќе од 50 државни функционери, банкари и бизнисмени.

Меѓу осомничените за корупција е и поранешниот потпретседател на Гватемала, Роксана Балдети, која поднесе оставка во мај минатата година.

Балдети и Молина од почетокот на истрагата се наоѓаат во притвор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...