Хилари Клинтон ја прифати номинацијата на Демократската партија

Филаделфија, 29 јули, 2016 (МИА) - Хилари Клинтон ја прифати официјално номинацијата на Демократската партија за претседателските избори во САД на 8 ноември, со што стана првата жена кандидат за претседателската функција во американската политичка историја.

- Ја прифаќам номинацијата за претседателската функција на САД со смиреност, решителност и безгранична доверба во иднината на Америка, изјави поранешната прва дама и поранешната државна секретарка.



- Ќе бидам претседател на демократите, републиканците и независните, на сите, кои гласаат за мене и за оние, кои нема да гласаат, рече таа во обраќањето пред прифаќањето на номинацијата. 

Клинтон изјави дека се сретнала со многу луѓе, кои ја мотивирале да се бори за промени, вклучувајќи болни деца и луѓе, кои ги преживеале нападите на 11 септември 2001 година.

- Демократите не направија доволно за да им покажат на семејствата кои работат дека ги разбираат низ што поминуваат, нагласи Клинтон и додаде дека се согласува со семејствата и го споделива нивното мислење дека економијата не функционира.

- Американците сакаат да работат и работат упорно, но токму сега голем број луѓе сметаат дека нивниот труд се помалку се цени, рече таа.

- Не му верувам никому кој тврди само јас можам да се справам со тоа, рече Клинтон во врска со изјавата на нејзиниот соперник Доналд Трамп, кој нагласи дека единствено тој може да го поправи системот.

- Зборовите на Трамп треба да бидат предупреудвање за сите нас. Американците не велат „само јас можам“, туку „заедно ќе го сториме тоа“, додаде Клинтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...