Двојно убиство во Индија поради долг од 20 евро центи

Њу Делхи, 29 јули 2016 (МИА) - Трговец од северот на Индија со секира убил двајца сопружници поради долг од 15 индиски рупии (20 евро центи), соопшти денеска локалната полиција.

Станува збор за средовечна брачна двојка од пониска каста, кои живееле во сојузната држава Утар Прадеш. Минатата недела тие купиле стока од локалната продавница и го замолиле 60-годишниот сопственик да почека за парите неколку дена.

- Немилиот настан се случил изутринава, кога тие тргнале да одат на работа. Сопственикот на продавницата настојувал тие да му ги исплатат парите, а тие пак, го молеле долгот да го вратат подоцна. Тогаш тој се разгневил и ги нападнал со секира. Се разбеснил поради долгот и ги убил, изјави одговорниот инспектор.

Кусо по инцидентот, убиецот е уапсен, а пронајдено е и оружјето со кое го извршил двојното убиство.

Годишно во Индија се случуваат стотици убиства во афект, и тоа неретко заради ситници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...