Антиџихадистичката коалиција призна дека при нејзини напади загинале и цивили

Вашингтон, 29 јули 2016 (МИА) - Меѓународната коалиција за борба против групата Исламска држава потврди при нејзини напади во Ирак и Сирија во последните месеци биле предизвикани нови цивилни жртви. 

- Длабоко жалиме за несаканите загуби на цивили и за повредени при нападите. Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите, се наведува во соопштение од американската Воена команда на Блискиот Исток.

Со тоа официјално потврдените цивилни жртви од почетокот на кампањата изнесуваат вкупно 55 лица.

Коалицијата, предводена од САД, која извршува напади врз џихадистите од август 2014 година, го призна предизвикувањето на цивилни жртви дури по долги истраги и обвиненија дека коалициската команда го потценува нивниот број.

Според Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, во нападите извршени од коалициските сили во Сирија се убиени околу 600 цивили, меѓу кои 136 деца.

Друга, пак, лондонска невладина организација „Еруорс“ смета дека жртвите на нападите од коалицијата во Сирија и Ирак се над 1.500.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...