Над 3.000 лица загинаа годинава во обид да го минат Медитеранот

Женева, 29 јули 2016 (МИА) - Меѓународната организација за миграции (ИОМ) денеска соопшти дека над 3.000 лица годинава загинале при обид да го минат Средоземно Море, што е приближно 60 проценти повеќе во споредба со истиот период од 2015 година.

ИОМ посочи дека со најновите 39 тела пронајдени неделава на либискиот брег, вкупниот број на загинати при обид да го преминат морето се зголемил на 3.034 мигранти и бегалци. 

Податоците на ИОМ покажуваат дека 2016 година е трета година по ред како при вакви обиди загинуваат над 3.000 лица.

ИОМ прецизира дека над 250.000 мигранти и бегалци годинава влегле во Европа по море, главно во Грција и Италија.

Организацијата забележува делумно засилување на тенденцијата во Италија да пристигнуваат Нигеријци, посочувајќи дека нивниот број „драстично се зголемил од почетокот на 2015 година“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...