Инаугурација на новиот претседател на Перу Педро Пабло Кучински

Лима,29 јули 2016 (МИА) - Новоизбраниот претседател на Перу, 77- годишниот Педро Пабло Кучински, денеска беше свечено инаугуриран во главниот град Лима.

Овој поранешен банкар, експерт за инвестиции, победи на претседатеските избори, со минимална предност, пред неговиот противкандидат, Кеико Фуџимори.

Во предизборното испитување на јавното мислење, таа важеше за фаворит, па лесно победи во првиот изборен круг. Во вториот круг гласање, Фуџимори не успеа да стане претседател на државата, откако беше поразена од Кучински за само една четвртина процент од гласовите.

Броењето на избрните гласови во некои изборни единци беше повторено, но на крајот 30 години помладата Фуџимори му ја честиташе победата на својот противник.

Таа е ќерка на поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори кој издржува долгогодишна казна затвор. Пред десетина денови беше одбиено неговото барање за помилување и за порано излегување од затвор.

Новиот претседател Кучински во текот на својата предизбрна кампања се залагаше за „социјална револуција“ во Перу.

Во својот говор при инаугурацијата Кучински изрази надеж дека, во текот на неговит петгодишен мандат, Перу ќе се уреди како помодерна, посправедлива и порамноправна држава.

Оваа андска земја од Јужна Америка, последниве години бележи забрзан раст во економијата, но многу Перуанци и натаму живеат во сиромаштија.

За да ги спроведе реформите во општеството за кои се залагаше во избрната кампања, Кучински ќе мора да ја има подршката од партијата на Кеико Фуџимори, која има мнозинство во перуанскиот Конгрес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...