Членови на Виетнамската комунистичка партија беа убиени на седница

Ханој, 18 август 2016 (МИА) - Двајца членови на раководните органи на Виетнамската комунистичка партија (ВКП) беа застрелани денеска од нивен сопартиец за време на седница на која присуствувале повеќе од 100 лица, јавија локалните медиуми. 

Електронскиот весник „Тхан ниен“ пишува дека двајцата мажи биле нападати во сала во провинцијата Јен Бај, додека се подготвувале за седница на која требало да претседаваат со учество на локалните официјални претставници. 

Двете лица починале во болница. 

Еден од жртвите е Фам Дуј Конг (57), раководителот на ВКП за провинцијата Јен Бај, кој е член на Централниот комитет на партијата. 

Другата жртва е 52-годишниот претседател на Народниот совет на Јен Бај, Нго Нгок Туан, раководител на кадровиот оддел на партијата за провинцијата. 

Осомничениот, До Конг Мин (53) кој е раководител на Управата за шумите во провинцијата, е во тешка состојба бидејќи по нападот тој се застрелал во главата. 

Локалните медиуми забележуваат дека никогаш претходно не се случило вакво нешто во Виетнам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...