Аматриче – малото гратче што се претвори во прашина

Аматриче, италијанскиот град што датира уште од старата ера и до вечера беше едно од најбогатите места со археолошки локалитети и гробници, денес е само една големa рушевина.

- Моето место веќе не постои, единствено слушаме гласови од под урнатините, изјави градоначалникот на градот, Серџо Порици.

Силниот земјотрес што ја погоди Италија досега неофицијално однесе 38 човечки животи, меѓу кои многу жени и деца кои спиеле за време на потресот и завршиле под урнатините.

Според мерењата станува збор за земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер чиј епицентар е близу градот Норча во областа Умбрија, на длабочина од 10 километри. Потресот се случил во 3:36 часот по локално време.

Фотографиите кои го обиколија светот покажуваат апокалиптични сцени од збунети лица кои се спасуваат од под урнатините и расплакани луѓе излезени на улиците во ќебиња и долна облека.

-Целиот плафон ми падна врз мене, но не ме повреди. Успеав да ставам перница на главата и за среќа да не бидам повредена, само малу удрена по ногата, вели Марија Џанини, локален жител во Аматриче.

Друга жена раскажува како ја разбудило тресење, по што ѕидот од нејзината спална соба се распаднал. За среќа успеала да ги спаси своите деца и да излезе на улица.

Спасувачките екипи веќе се концентрирани на погодените места и се обидуваат да спасат што е можно повеќе луѓе кои се заробени под урнатините.

Земјотресот што ја потресе Италија несомнено е една од поголемите природни катастрофи кои досега ја погодиле земјата. Според статистиката од почетокот на 20-от век во големи земјотреси загинале најмалку 120 илјади луѓе. Само во последните 15 години од потреси се починати повеќе од 600 луѓе.

- 31 октомври 2002 – Во потрес со интензитет од 5,9 степени во Камбопасо во централна Италија загинаа најмалку 30 луѓе, најголем дел од жртвите беа деца.

- 6 април 2009 година – Силен потрес го погоди подрачјето Абрука источно од Рим. Загинаа повеќе од 300 луѓе и уништен беше градот Л’Аквила од 13 век.

- 29 мај 2012 година – Најмалку 16 загинати и 350 повредени во земјотрес околу Модена во северна Италија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...