Сириската опозиција ја презеде контролата врз Џараблус

Бејрут, 24 август 2016 (МИА) - Претставници на сириската опозиција, чии единици учествуваат во операцијата на турската армија во Северна Сирија, соопштија дека воспоставиле целосна контрола над сирискиот град Џараблус кој досега беше во рацете на терористичката група „Исламска држава", соопшти телевизијата Ал Џазира, цитирана од ТАСС.

Според телевизијата, опозициските сили прогласиле целосна контрола над Џараблус. Според нив, борците на ИД отстапуваат од градот во јужна насока.

- Џараблус е целосно ослободен, изјави Ахмед Отман, командант на бунтовничка група, која учествувала во офанзивата, пренесува БТА. Портпаролот на друга бунтовничка група изјави дека џихадисти се повлекле во насока на градот Ал Баб, југозападно од Џараблус.

Сириските бунтовници, поддржани од Турција, денеска влегоа во сирискиот град Џараблус, што досега беше под контрола на Исламска држава. Во овој град се одвиваше голема воена операција во која учестуваа турски тенкови, специјални единици и воени авиони на меѓународната коалиција, предводена од САД, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на бунтовнички извори.

-Борците на ДАЕШ (арапскиот акроним за Исламска држава) се повлекоа од неколку села во близина на Џараблус и се упатија на југ, кон градот Ал Баб, изјави командантот од групата „Фајлак аш Шам“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...