ОН: Сирија и ИД користат хемиско оружје

Њујорк, 25 август 2016 (МИА) - Сириските владини воени сили во два наврата користеле отровен гас, додека пак, Исламската држава барем еднаш употребила иперит, стои во извештај од заедничката истрага на Обединетите нации и Организацијата за забрана на хемиски оружја (ОПЦВ).

Истрагата којашто траеше една година посочува доволно докази дека во северозападната сириска покраина Идлиб на 21 април 2014, во селото Талменес, и на 16 март 2015 во градот Сармин, хеликоптери на сириското Воено воздухопловство исфрлиле проектили кои содржеле отровни материи. Во двата случаја е користен хлор, наведуваат западните медиуми.

Од друга страна пак, „Исламската држава имаат единствена можност, способност, мотив и средства да користат сулфурен иперит во градот Мареa“, се вели понатаму во извештајот.

Истрагата на ОН и ОПЦВ беше едногласно усвоена од Советот за безбедност при ОН. Била спроведена за девет случаи на напади (во седум сириски градови), за коишто ОПЦВ, врз основа на своја одделна истрага, веќе имала сознанија дека е користено хемиско оружје.

Во шест од деветте случаи нема заклучок на истрагата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...