Канада регистрира зголемен број екстремисти кои заминуваат во странство

Отава, 26 август 2016 (МИА) - Зголемен е бројот на лицата кои од Канада заминале за странство и кои се осомничени дека учествувале во радикални активности, изјавија официјални безбедносни претставници, цитирани од британските медиуми.

Тие прецизираа дека расте и бројот на жени кои заминуваат за да се борат во редовите Исламска држава.

Податоците од годишниот извештај на министерот за јавна безбедност, Ралф Гудејл, покажуваат дека кон крајот на 2015 година 60 екстремисти, кои во Канада се нарекуваат „патувачки екстремисти“, се вратиле во земјата.

Портпаролот на Гудејл прецизира дека овие лица се наоѓаат под полициско набљудување.

Главната закана за безбедноста на земјата доаѓа од индивидуи или мали групи кои повеќе се инспирирани од вооружените групи, како Исламска држава или Ал Каеда, отколку што се раководени од нив, се посочува во документот.

На крајот на минатата година владата имало информации за 180 лица, кои на различни начини се поврзани со Канада, а кои биле во странство и за кои има сомненија дека учествувале во активности поврзани со тероризам. За споредба, во 2014 година нивниот број изнесуваше 130 лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...