Дарај, 26 август 2016 (МИА) - Сириските бунтовници и нивните семејства денеска започнаа да го напуштаат градот Дараја, близу до Дамаск, кој го бранеа жестоко во текот на претходните четири години, пред да бидат победени од режимот, јавува БТА.
Во првите автомобили кои тргнале се наоѓале возрасни жени и деца, со придружба на полициски автомобили и возило на Црвената полумесечина.
Извори од сириската војска изјавија денеска дека 300 бунтовници и нивните семејства ќе го напуштат денеска предградието на Дамаск, откако вчера беше постигнат договот.
Мирните граѓани ќе бидат насочени кон прифатните центри, а бунтовниците ќе одат во северозападниот град Идлиб, кој е контролиран од антивладините групи.