Ослободена е австралиската хуманитарна работничка, која беше киднапирана во Авганистан Сиднеј, 29 август 2016 (МИА) - Австралијанката Кери Џејн Вилсон (60), која работеше за локалните невладини организации во Авганистан, и беше киднапирана во мај во источниот град Џалалабад, близу до границата со Пакистан, е ослободена и е во добра здравствена состојба, изјави министерот за надворешни работи на Австралија Џули Бишоп.
Тој исто така упати благодарност до авганистанските власти кои дадоа помош и поддршка за ослободувањето на австралијанската заложничка.
|