Осумнаесет цивили и петмина терористи загинаа во напад во ИракБагдад, 29 август 2016 (МИА) - Петмина напаѓачи самоубијци, вооружени со калашникови и бомби, денеска убија најмалку 18 луѓе во ирачкиот град Аин ал Тамер, југозападно од Багдад, соопштија локалните власти.
- Тие носеа калашникови и рачни бомби, еден од нив го детонираше појасот со експлозиви а останатите ги убија чуварите на редот, изјави Каис Калаф, началник на Централната команда на Еуфрат.
Бројот на повредени изнесува 26 лица.
|