Воен брод на британската морнарица ќе се вклучи во борбата против ИД

Лондон,29 август 2016 (МИА) - Воениот брод на британската морнарица, разурнувачот „Даринг“ ќе се вклучи во борбата на коалиционите сили, предводени од САД, против џихадистите на Исламска држава (ИД), соопшти Министерството за одбрана во Лондон.

Министерот за одбрана Мајкл Фалон, изјави дека во петок,  бродот ќе отплови од пристаништето во Плимут за Персискиот Залив.

Овој разурнувач ќе ја презеде улогата на неговиот претходник „Дифендер„ кој минатиот месец се врати во Британија, по девет месеци поминати во мисија во водите на Блискиот и Средниот Исток.

„Даринг„ ќе се користи како подршка на американакиот носач на авиони во Заливот, од каде се извршуваат воздушните напади против позициите на ИД во Сирија и Ирак.

Британскиот брод ќе патролира по водите на Заливот и ќе прибира информации,неопходни за сојузничките сили.

Тој е опремен со најсовремени ракети, за да обезбеди заштита за флотата во чиј состав се наоѓа, како и да се справи со закана на одалеченост и до 120 километри.

Неговиот претходник соработуваше со силите на САД и Франција кои се вклучени во операциите протв ИД.

Во рамките на коалиционите сили, се вклучени и авионите на РАФ (кралското воено воздухопловство) кои учествуваат во бомбардирањето на позициите на џихадистите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...