ФБИ: Можни се кибер-напади од странство врз системите за гласање во американските сојузни држави

Вашингтон, 29 август 2016 (МИА) - Федералното истражно биро (ФБИ) побара од избирачките органи во САД да ги зајакнат мерките за компјутерска безбедност, откако минатата недела беа откриени детали за кибер-напади врз бази со податоци од избирачки списоци во двете сојузни држави Аризона и Илиноис, се наведува во доверлив документ.

Предупредувањето на одделот за кибер-безбедност при ФБИ било објавено на 18 август, објавија западни медиуми, цитирајќи го документот.

Според претставници на разузнавачките служби, во кибер-нападите веројатно се вмешани странски хакери. Американските разузнавачки служби со голема загриженост ги следат дејствувањата на хакери, кои се платени од Русија или други држави, и кои можат да се обидат да ги саботираат претседателските избори во САД во ноември.

Експерти по кибер-безбедност во САД тврадт дека неодамнешните хакерски напади врз Демократската партија веројатно се дело на луѓе блиски до руската Влада. Кремљ категорично ги отфрли обвинувањата за вмешаност на Москва.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...